Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > (ФОТО) Стручниот штаб на ФК Вардар на чело со Јаневски го гледаа младинското дерби помеѓу Вардар и А.Пандев
(ФОТО) Стручниот штаб на ФК Вардар на чело со Јаневски го гледаа младинското дерби помеѓу Вардар и А.Пандев

(ФОТО) Стручниот штаб на ФК Вардар на чело со Јаневски го гледаа младинското дерби помеѓу Вардар и А.Пандев

15

Младинското дерби помеѓу екипите на Вардар и Академија Пандев го проследи целиот стручен штаб на првиот тим на ФК Вардар, како и новиот технички директор на клубот. Тука беа Чеде Јаневски и неговите помошници, белгиецот Стефан Ван дер Хједен, потоа Александар Васовски, како и Илија Најдоски кој од недомна е дел од Вардаровото семејство. Вардар беше убедлив во дербито совладувајќи ги струмичани со убедливи 5:1. Дефинитвно имаа што да видат и да препознаат некој играч кој во иднина би добил шанса да заигра за првиот тим. Таму веќе шанса добија Алексадар Трајчевски, Филип Стојчевски, Дејан Маркоски и Тодор Тодороски. Претходно на дербито со Шкендија, кога екипата ја предводеше Седлоски, шанса во првиот состав доби и Бојан Колевски, кој беше стрелец на еден од головите на вчерашното младинско дерби. Дефинитивно има и други играчи кои се истакнуваат со своите квалитети во младинскиот состав, кои во иднина би можеле да добијат шанса кај Чеде Јаневски.