Поларните температури во нашиот главен град Скопје не се пречка за избраниците на Седлоски да ги реализираат задачите. Тие на температури под нулата имаа тренинг на терените на Тренинг кампот во Хиподром. Теренот со вештачка трева на тренинг кампот „Вардар“ овозможува да се тренира и на вакви минусни температури без проблем. Вардарци идната недела заминува во Анталија, тие во Турција ќе останат до 11 февруари. Во Турскиот тренинг центар ќе одиграат неколку пријателски натпревари