Фудбалскиот клуб на Вардар генерација родени 2004 година имаа убедлив старт на турнирот во Бугарија. Избраниците на Филип Арсовски на својот прв натпревар во групата ја победија екипата на Карнобат од Бугарија. Конечниот резултат гласеше 7:0. Геор Стојановски постигна хет-трик. Марио Ричков беше стрелец на два гола додека по еднаш стрелаа Горазд Попов и Сандро Каровски. Во секој поглед на играта го надигравме противникот на денешниот меч, црвено-црните одиграа одличен меч и покажаа дека и на овој турнир ќе го напаѓаат првото место. Утре играме меч со екипата на Полетерац. Честитки за првата победа на нашите млади надежи. сигурни сме дека со ваква игра ќе продолжат и на следните дуели.