Во перидот од 9-12-ти февруари, Вардаровата генерација родени “2005“ година беа дел од турниот “Балканика куп“ кој се играше во градот Сандански (Бугарија). Во конкуренција на 12 екипи избраниците на Игор Кралевски на крајот го освоија петтото место. Малку недостасуваше да играме во полуфиналето и да се бориме за еден од медалите, но само поради послабата гол разлика не успеавме во целта. Сепак ова е голем успех за оваа надежна генерација која на турнирот забележа три победи и само еден пораз.
Ви пренесуваме фотогалерија од натпреварите на кој настапуваа Вардарци: