Генерацијата на ФК Вардар родени “2004“ година веќе две недели тренираат на теренот на Академијата и се подготвуваат за новата натпреварувачка сезона, во која ќе ја бранат двојната круна од минатата сезона, кога успеа да станат шампиони во регионалната-скопска лига и да го освојат купот на Македонија. Во новата сезона оваа генерација ќе биде предводена од Петар Георгиевски. Што се однесува до составот оваа екипа е речиси иста, на проба моментално со екипата тренира играч кој доаѓа од ФК Скопје, по што тренерот дополнително понатаму ќе одлучи дали ќе смета на неговите услуги на почетокот на сезоната.
Нашиот медиум беше присутен на вчерашниот тренинг и ви пренесува фотогалерија од истиот.