Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > (ФОТО) Вардаровите генерации “2004„ и “2005„ се есенски шампиони во регионалната-скопска лига

(ФОТО) Вардаровите генерации “2004„ и “2005„ се есенски шампиони во регионалната-скопска лига

f4

Генерациите на фудбалскиот клуб Вардар родени “2004„ и “2005„ година го завршија есенскиот дел во регионалната-скопска лига на првото место на табелата и со тоа се промовираа во есенски шампиони.

Генерацијата “2004„ предводена од Петар Георгиевски одигра девет натпревари, на кои оствари седум победи и по еден нерешен резулат и еден пораз. Вардар е прв на табелата со два бода повеќе од екипата на Работнички, односно три од тимот на Шкупи. Единствениот пораз беше на гостински терен од екипата на Работнички, додека без победник одигравме во дуелот со Милано.

vardarfans-2004

Генерацијата “2005„ одиграа десет натпревари и имаа исто толку победи, со што се наоѓаат на врвот на табелата со максимални 30 освоени бодови. Избраниците на Сашо Јанев имаат осум бодови повеќе на табеллата од екипата на Работнички, додека девет повеќе од Шкупи.

vardarfans-2005

Во следните наши текстови ќе ви ги презентираме резултатити од сите одиграни натпревари во првиот дел од сезоната, за двете генерации на ФК Вардар, како и најдобрите стрелци во двата тима.