Генерацијата на ФК Вардар родени “2005“ година го добија и вториот натпревар на меѓународниот турнир во Бугарија. Избраниците на Ане Андовски убедливо ја совладаа и екипата на Сталица од Белорусија, со резултат 6:0. Кај оваа генерација се игра 10+1 на теренот, со две полувремиња, по времетраење од 25 минути.
Ново одлично издание за црвено-црните, кои беа многу подобар противник на денешниот дуел против белорусите. Дури шест различни играчи успеаа да се запишат во листата на стрелци, на овој натпревар. Тоа беа: Никола Величковски, Матеј Гаштаров, Тино Спасиќ, Филип Радевски, Петар Пројковски и Лука Јакимовски.
Попладнево ќе одиграме уште еден натпревар, во рамките на групната фаза. Само за потсетување во текот на вчерашниот ден ја победивме екипата на Локомитв Софија (5:0).