Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > (ФОТО) Генерацијата 2005 на ФК Вардар освои сребрен медал на турнирот „Пирин Куп 2020“
(ФОТО) Генерацијата 2005 на ФК Вардар освои сребрен медал на турнирот „Пирин Куп 2020“

(ФОТО) Генерацијата 2005 на ФК Вардар освои сребрен медал на турнирот „Пирин Куп 2020“

Во периодот од 2-6. февруари генерацијата 2005 на ФК Вардар беше дел од меѓунардниот турнир во Бугарија, „Пирин Куп“. Во конкуренција на десет екипи, вардаровите надежи предводени од Зоран Петковски го освоија второто место.

Во групната фаза завршивме на првото место, откако славевме во дуелите со екипите на Мечетата (6:0), Спартак Пловдив (3:0), и Царско Село (4:0), додека ремизиравме во дуелот со екипата на Септември Софија (1:1).

Во полуфиналето за противник го имавме тимот на Черноморец Одеса, кој го победивме убедливо со резултат 4:0 и на тој начин закажавме пресметка во големото финале против екипата на ЦСКА Софија. Во финалниот меч подобри беа бугарите кои славеа со резултат 2:4

На завршната церемонија беше доделен трофејот и медалите за освоеното второ место, а истите му беа врачени на капитенот, Влатко Кулуковски.

1 2