Вардарци беа поразени на првиот натпревар од второто квалификациско коло од лигата на шампионите, од екипата на Динамо Загреб. Хрватите со предност од 2:1 ќе го започнат реваншот на Максимир. Црвено-црните немаа среќа на овој дуел и во најмала рака имаа нерешен резултат. Динамо Загреб поведе со сречен погодок, откако Мијушковиќ наместо да ја исфрли таа топка, тој ја смести во мрежата на Пачовски. На полувреме пртивникот замина со водство од 0:2. Петар Петковски немаше среќа во пвиот дел, погодувајќи ја сативата од противничкиот гол. Истото во второто полувреме му се случи и на Џонатан Балотели, додека на неколку минути пред крајот пречката од голот на Динамо ја погоди и Којашевиќ. Единствениот погодок за Вардар беше дело на Хамбарџумјан.
Погледнете ја фотогалеријата од овој интересен натпревар.