Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Фокс Спорт снима документарна емисија за Попов
Фокс Спорт снима документарна емисија за Попов

Фокс Спорт снима документарна емисија за Попов

Холандската телевизиска екипа на  каналот „Фокс Спорт“,  четири дена ќе биде  во посета на левиот бек на црвено-црните Горан Попов. Тие ќе снимаат документарен филм, посветен токму на вардаровиот фудбалер, кој пред шест години одигра  2 сезони во редовите на холандски Херенвен.

Документарниот филм веќе ги имаше својте први клапи, првите сцени беа снимени на утринскиот тренинг вчера, кој се одржа во теретаната во СЦ „Јане Сандански“. Потоа се снимало на стадионот „Борис Трајковски“ онаму  каде што за прв пат беше забележан од скаутите на Херенвен. Попов бил забележан на квалификацискиот меч помеѓу младите селекции на Македонија и Холандија. Отаму се заминало на Националната арена „Филип Втори“, а потоа  и на тренинг кампот во Хиподром. По крајот на тренингот во Хиподром свој изјави  дале шефот Гоце Седлоски и голманот Томе Пачовски. Снимањето продолжува денеска на неколку локации во централното градски подрачје, а според планот документарниот филм ќе биде премиерно прикажан на 28 април.