Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Гача: Фала за с`е, дојде време за разделба
Гача: Фала за с`е, дојде време за разделба

Гача: Фала за с`е, дојде време за разделба

Капитенот на ФК Вардар, Филип Гачевски јавно на социјалните мрежи се заблагодари за времето минато во црвено-црниот тим и се прости од вардаровата јавност. Тој напиша:

.. За жал дојде и тој момент. После 5 години, денеска се збогувам со вас и фановите, бидејќи заминувам од Вардар – клубот со кој ги доживеав најубавите моменти, 3 титули и историски пласман во ЛЕ.
Благодарам на соиграчите и на луѓето со кои работев секој ден сите овие години. Научив многу од сите тренери, а најмногу од Саша Илиќ, Александар Васоски и Гоце Седлоски. Им благодарам на фановите за постојаната поддршка, им благодарам на Комити за тоа што беа со мене во убавите, но и тешките моменти. Клубот не ме научи само како да бидам спортист, туку ме изгради и како личност.
Не сакам да бидам запаметен како добар или лош голман, туку како добар човек. Ви благодарам и секаде каде ќе одам ќе извикувам ,,Вардар во срце те носам”!!!
Еден живот – една љубов ⚫❤️