Натпреварот против Силекс беше 50-ти за Филип Гачевски на голот на нашиот фудбалски шампион. Малиот јубилеј на најдобар можен начин го прослави Гачевски кој успеа да одбрани удар од белата точка на противникот. За официјалната стра на клубот тој го изјави следново:
-Натпреварот со Силекс беше како еден вид загревање за она што следува во четврток и натпреварот против Зенит. Победивме, и тоа е најважно. После 3:0 дојде до мало опуштање. Примивме гол, и потоа беше досуден пенал за Силекс. На моја среќа тргнав на вистинската страна и успеав да одбранам. Среќен сум што ова се случи на мојот 50-ти настап во дресот на Вардар. Посакувам да имам уште многу настапи и многу одбрани.
Мислите веќе се насочени кон натпреварот со Зенит, кој се игра во четврток на арената “Филип Втори„
-Сега се фокусираме на натпреварот со Зенит. Од денеска веќе мислиме на тој натпревар. Запишавме историја со пласманот во групната фаза, и сега е време да покажеме дека досегашнтие резултати до сега не се случајни. На домашен терен ги победивме сите, и сакаме да продолжиме во ист стил