Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Гачевски: Победата над Фенер е најголема во мојата кариера, имаме голема шанса да испишеме историја
Гачевски: Победата над Фенер е најголема во мојата кариера, имаме голема шанса да испишеме историја

Гачевски: Победата над Фенер е најголема во мојата кариера, имаме голема шанса да испишеме историја

Вардар со предност од 2:0 ќе го започне реваншот од плејофот на лига Европа, против екипата на Фенербахче за седум дена во Турција. Црвено-црните направија голем резултат на првиот дуел одигран на арената “Филип Втори„, откако покрај двата погодоци успеа да ја зачува својата мрежа незатресена. Голема заслуга за тоа има и нашиот голман, Филип Гачевски, кој на најдобар можен начин го прослави својот 27-ми роденден. Гачевски имаше неколку добри одбрани, по тешли упатени удари кон неговиот гол. По завршување на мечот, тој го изјави следново:

-Изминатиов период максимално се подготвувавме за овој меч, на кој оставивме срце на терен. Мислам дека сите кои го гледаа натпреварот видоа како се игра за клубот и Македонија. Со триумфот над Фенербахче ја израдувавме целата јавност. Одбраните ме радуваат, слободно ќе кажам дека победата над Фенербахче е најголема во мојата кариера. Да победиш ваков силен тим не е мала работа. Немаме многу време за одмор, сега за нас следи мечот со Победа, а потоа ќе размислуваме за Истанбул каде имаме голема шанса да испишеме историја, изјави голманот на Вардар.