Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Гачевски на голот против Шкендија
Гачевски на голот против Шкендија

Гачевски на голот против Шкендија

Во четврток ФК Вардар го игра првиот 1/4 финален натпревар од  купот на РМ. Се по извесно е дека на голот на ФК Вардар на Чаир ќе застане Гачевски. По пропустот на Пачовски во Турново, и поразот од 2:1, се очекува конечно Седлоски да му укаже шанса на вториот голман на ФК Вардар, кој дојде ова лето во клубот.

Гачевски беше херојот на ФК Вардар против Работнички во Супер купот, кога одбрани неколку пенали.

Фото: fkvardar.mk