Monday ,25 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Гачевски: На истиот стадион дебитирав за екипата на Мура и тоа на меч против Цеље
Гачевски: На истиот стадион дебитирав за екипата на Мура и тоа на меч против Цеље

Гачевски: На истиот стадион дебитирав за екипата на Мура и тоа на меч против Цеље

Вардар заврши со подготовките во Словенија и денес се очекува да пристигнат во Скопје. Вчера го одигравме пследниот контролен дуел на овие подготовки, против екипата на Цеље, со која одигравме без победник. По првото полувреме имавме негатива, но во вториот дел не само што го израмнивме резултатот, туку и пропуштивме неколку шанси за победа. Овој дуел беше посебен за Филип Гачевски, кој на истиот стадион има дебитирано во сениорска конкуренција, настапувајќи за екипата на Мура.

-Тука на овој стадион го имав моето деби во сениорска конкуренција. Прв пат играв еден натпревар за сениорскиот тим на Мура. Имав тогаш 17 години и имав можност да бранам против Цеље. Интересно е тоа што и тогаш натпреварот заврши нерешено 1:1.

Гачевски го прокоментира дуелот против Цеље, како и подоговките кои ги поминаа во Словенија, истакнувајќи дека се подготвени за двомечот против Пјуник.

-Во првиот дел примивме еден гол по едно наше невнимание. Играчот на Цеље убаво погоди во голот и тие поведоа во финишот. Штета што водството на Цеље дојде само неколку секунди пред крајот на првиот дел. Меѓутоа во вториот дел нападнавме по голот на противникот. Успеавме со еден убав погодок да дојдеме до израмнување. Среќен сум што момците тргнаа дури и по победата, а имавме шанси за такво нешто. Едноставно топката не сакаше да влезе во гол. Во секој случај сметам дека заслуживме да победиме и со триумф да ги завршиме пријателските натпревари во Словенија. Што се однесува до подготовките, сметам дека сме подготвени за двата натпревари во Лигата на Европа. Нормално е да очекуваме да минеме понатаму, но нема никого да потцениме. Едноставно ќе одиме да дадеме максимум и да се пласираме во следната фаза