Wednesday ,08 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > ФК Вардар генер.2004 со реми се враќа од Струмица, одигравме 2-2 со А.Пандев во првиот меч од 1/2-фин. во Купот
ФК Вардар генер.2004 со реми се враќа од Струмица, одигравме 2-2 со А.Пандев во првиот меч од 1/2-фин. во Купот

ФК Вардар генер.2004 со реми се враќа од Струмица, одигравме 2-2 со А.Пандев во првиот меч од 1/2-фин. во Купот

Денес во првиот полуфинален дуел од Купот на Република Македонија, вардаровата генерација родени 2004 гостуваа во Стумица кај тимот на Академија Пандев. Момците на Пепи Ѓорѓиески успеа да донесат активен резултат пред реваншот во Скопје. Оваа средба заврши реми 2-2, и на одмор исто така беше нерешено 0-0.

Ние дуелот го започнавме со следниот тим: Ангелов, Павлески, Љушев, Каровски, Милошевски, Јаневски, Серафимов, Дошев, Ибраиим, Идризи и Гуџуфи.

Играа уште во вториот дел и: Перковски, Хајдари и Стојановски.

Првиот дел заврши со почетните 0-0, двата тима имаа прилики сепак мрежите на домашниот чувар на мрежата, Трајков Ѓорги и нашиот голман Ангелов Наум мируваа, па на пауза заминавме со резултатска симетрија. Вториот дел донесе далеку повозбудлив натпревар и четири гола во двете мрежи.

Први отворија домаќините преку Стоименов Мите за 1-0 во 66.минута. Сепак црвено-црните момци брзо се вратија од овој шок, и во следниот напад во 67.минута изедначија на 1-1 преку Гуџуфи Бесар. По ова изедначување домаќинот повторно отиде на чекор пред нас, кога поведе со 2-1 во 70.минута. Сепак ние денес не бевме подготвени за пораз, нападнавме и десет минути подоцна успеавме да изедначиме. Голот за 2-2 дојде во 80.минута, како автогол на еден домашен играч. Со овој резултат се оконча оваа средба