Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Повторно ФК Вардар генер.2010 со две победи во Детската лига, момците на Михајлов триумфираа на доминантен начин
Повторно ФК Вардар генер.2010 со две победи во Детската лига, момците на  Михајлов триумфираа на доминантен начин

Повторно ФК Вардар генер.2010 со две победи во Детската лига, момците на Михајлов триумфираа на доминантен начин

 Две нови победи за ФК Вардар генерација родени 2010 во детската лига. Денес момците од ова генерација која на натпреварите од клупата ги предводи Стефан Михајлов дојдоа до две нови и убедливи победи со своите ривали.

2

ФК Вардар(1) се сретна со тимот на ФК Куманово и дојде до победа со резултат 9-1. Натпреварот почна со наша иницијатва, противникот  успеа да си даде автогол за почетни 1-0 за нас. Напаѓавме постојано па набрзина преку Матеј Чедевски и Дарио Илиќ зголемивме и на 3-0. Имавме повеќе од играта во првиот дел постојано напаѓавме се редеа прилики пред голот на ривалот. Гечев Драган успеаа на лукав начин да ја измами противничката одбрана и зголеми на високи 4-0. Стефан Ристиќ и Далибор Марковиќ имаа по две прилики, и двајцата погодија по еднаш, а еднаш голманот успеа да исфрли во поле. Со нивните два погодока отидовме со комотни 6-0 на пауза и најавивме нова победа во детската лига.

3

Вториот дел започна со наша инијатива, Гечев Драган имаше прв обид, промашувањето го казнија противниците со погодок за 6-1. Сепак ние недозволивме овој погодок да не разниша и продолживме во исти ритам и понатака да го играме овој натпревар. Во игра влезе Трајков Константин и двапати на идентичен начин со соло продори од левата страна се пробиваше до голот на ФК Куманово и немилосрдно погоди најпрвин за предност од 7-1, а веднаш потоа и за високи 8-1. До крајот од прилики за одбележувања се обите на Ристиќ Стефан и двете шанси на Огнен Сивевски. Дуелот со гол за конечни 9-1 го затвори Марко Јовановски.

5

Вардар (2) беше посупешен од тимот на Еуроспорт од Куманово со резултат 6-2. Дуелот почна со шанса на Лука Пацевски чии удар не заврши во голот на ФК Еуроспорт, ова промашување беше казнето противникот веќе во следната акција отвори со 0-1.  Веднаш тргнавме во офанзива да ја вратиме резултатската симетрија тоа му појде “од нога“ на Васоски Петар кој по еден соло-продор погоди за 1-1. Се обиде по него и Седлоски Благојче сепак голманот на кумановчани беше присебен и исфрли со крајни напори во корнер. Поведовме и напраивме пресврт со атрактивен гол на Давид Лозановски кој  успеа со “пета“ да погоди за водство од 2-1. Токму со овој резултат заминавме на одмор на овој натпревар.

5

Вториот дел почна со две огромни шанси на Михаел Митревски кои за жал не беа претворени во гол. Веќе во треттата Митревски успеаа да зголеми на 3-1 за црвено-црниот колектив. Симев Македон имаше изгледа прилика, неговиот удар заврши над голот на ривалот. Во соло продор беше Седлоски Благојче успеа да се ослободи од чуварот и погоди за 4-1. Противникот се закани сепак на нашиот гол Пацевски имаше успешна интервенција. До крајот постигнавме уште два гола, најпрвин Македон Симев од 25-30.метра, речеси со удар преку цел терен да погоди за 5-1. Противникот искористи едно наше невнимание поради високата предност и намали на 5-2. Последниот гол за конечните 6-2 и победа го постигна Давид Лозановски, ова беше втор негов погодок на денешниот дуел.