Wednesday ,01 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Вардаровите фудбалски генерации “2002“ и “2003“ славеа на контролни натпревари против Победа од Прилеп
Вардаровите фудбалски генерации “2002“ и “2003“ славеа на контролни натпревари против Победа од Прилеп

Вардаровите фудбалски генерации “2002“ и “2003“ славеа на контролни натпревари против Победа од Прилеп

Во текот на вчерашниот ден гостин на фудбалскиот клуб Вардар беше екипата на Победа од Прилеп и тоа со генерациите родени “2002“ и “2003“ година кои одиграа пријателски натпревари со Вардаровите екипи од истава возрасна категорија. Поуспешни во двата дуели беа нашите млади надежи.

Први на академијата контролен натпревар одиграа екипите на Вардар и Победа кај генерација родени “2003“ година. Овој дуел заврши со победа за нашите млади надежи кои триумфираа со убедлив резултат од 4:0. Одличен натпревар за избраниците на Томче Трајановски кои продолжуваат со победите на контролните натпревари. По првото полувреме имавме минимално водство од 1:0. Четири различни играчи се запишаа во листата на стрелци во редовите на Вардар. Петар Давидовски, Иван Пашариковски, Антонио Мирков и Лука Стојковски ја погододија мрежата на Победа од Прилеп.

Триумф против истиов противник, но кај генерација “2002“ и за избраниците на Петар Ѓоргиески кои славеа минимална победа со резултат 1:0. Одлучувачкиот гол падна во второто полувреме, а беше дело на Муас Демири.