Wednesday ,01 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Генерација “2005“ не запира со победите, денес нови две на “контото“ на младите Вардарци
Генерација “2005“ не запира со победите, денес нови две на “контото“ на младите Вардарци

Генерација “2005“ не запира со победите, денес нови две на “контото“ на младите Вардарци

Вардаровата генерација “2005“ продолжува да реди победи во детската фудбалска лига. Денес двете екипи на Игор Кралевски одиграа нови натпревари на кои забележаа сигурни победи.

Вардар (2) за противник го имаше тимот на Нова Колонија која ја совлада со резултат 5:0. Само во првите десет минути противникот одолеваше на нападите на нашите млади надежи и не дозволуваа погодок. Сепак во продолжение од мечот работите си доаѓаа на свое место па до крајот на првото полувреме имавме предност од 3:0. Стрелец на сите голови за хет-трик беше Горјан Цветков кој одигра одлично прво полувреме. Со овој резултат се замина на полувреме. Во вториот дел продолживме со офанзивната игра, а имавме можност на стартот на вториот дел да го зголемиме резултатот. Петар Пројкоски не успеа да реализира од белата точка, откако неговиот удар заврши во стативата од голот на Нова Колонија. Сепак истиов играч успева да се запише во листата на стрелци и да донесе поубедливо водство на Вардар од 4:0. До крајот на натпреварот уште еден гол во мрежата на противникот, а првенец за ново засилување Александар Калановски кој погоди за предност од 5:0. Овој резултат се покажа како конечен на крајот од мечот.

Уште поубедлив беше Вардар (1) кој надмоќно ја совлада екипата на Драчево. Резултатот конечен беше 11:0. Голеадата ја започна Филип Јовановски, играчот кој можеби денес беше најдобар на теренот и постигна најмногу голови. Со неговиот гол го отвараме резултатот за водство од 1:0. После него голема шанса имаше Лефковски но неговиот обид остана без реализација. Вардар имаше целосна доминација на теренот и постојано беше во офанзива кон голот на Драчево. Успеваме набргу да зголемиме на 2:0 со погодокот на Никола Величковски. До крајот на првиот дел успеаваме уште на два пати да ја тресеме мрежата на противникот со два нови погодоци на Филип Јовановски за на полувреме да имаме убедливи 4:0. Имаше обид и Гаштаров да постигне гол, но резултатот остана истиот.

16996070_1260610577319119_7197651115707333428_nНа стартот на вториот дел Драчево имаше можност да постигне почесен гол, но нивниот удар завршува покрај голот на Василиј. До втор гол на натпреварот стигна и Никола Величковски за веќе “петарда“ во мрежата на Драчево и резултат од 5:о. Следните минути се повторно за Филип Јовановски кој постигнува дури три нови голови, вкупно шест зад неговото име за водство од 8:0. Хет трик и за Величковски кој погодува за 9:0. Во листата на стрелци до крајот на натпреварот се запишуваат Симеон Здравковски и Ѓорѓи Дошев за конечни 11:0.

Продолжува добрата игра за оваа генерација и во пролетниот дел каде веќе нанижаа четири последователни победи за два дена.