Пред почетокот на новата сезона во детската лига, фудбалскиот клуб на Вардар генерација родени “2005“ година одигра контролен натпревар со своите врсници од екипата на Металург. Овој дуел се одигра на академијата, во две полувремиња по 25 минути. Нашите млади надежи забележаа убедлива победа, изразена со резултат 8:1.
Ова беше добра увертира за избраниците на Игор Кралевски за новата сезона, која својот старт ќе го има викендов кој следи. Одличен натпревар за младите Вардарци кои целосно го надиграа противникот и славеа убедливо. Уште по првото полувреме имавме високо водство од 4:1. Во вториот дел само продолживме да ја полниме противничката мрежа. Доминација на теренот во текот на сите 50 минути и заслужена победа на крајот.
Најдобриот стрелец на Вардар од турнирот “Фер Плеј куп“, Никола Величковски повторно имаше одлично издание на овој контролен натпревар постигнувајќи дури 4 гола. Филип Јовановски даде хет-трик, додека еден гол беше дело на Ѓорѓи Дошев.
ФК Вардар: Мариновски, Бреслиев, Илиевски, Величковски, Гаштаров, Серафимов, Николовски, Дошев, Фидановски, Цветков, Јакимовски, Радевски, Здравковски и Петревски