Вардаровата генерација “2005“ и по денешното коло од детската лига останува со максимален број на освоени бодови. Избраниците на Игор Кралевски од Вардар (2) славеа во дуелот со Тефејуз. Конечниот резултат на овој натпревар гласеше 6:2.
Уште на самиот старт го нападнавме голот на противникот и најавивме дека ќе ги освоиме бодовите. Првата шанса ја имаше Горјан Цветков кој бие над голот на Тефејуз. Набргу успеавме да го отвориме резултатот со погодокот на Матеј Гаштаров, кој се сам направи повлече речиси од средината на теренот се ослободи од голманот и ја внесе топката во голот за водство од 1:0. Вардарци продолжија со офанзивната игра и целосен атак кон голот на Тефејуз. Следен кој се запиша во листата на стрелци беше Симеон Здравковски, кој доби една употреблива топка добро ја прифати, се ослободи од противничкиот чувар и носи предност од 2:0.
Во следната наша акција се обиде капитенот Дамјан Конески кој бие од голема далечина, но само во рацете на добро поставениот голман. Убава нова шанса имаше и Симеон Здравковски, кој за малку бие покрај голот на противникот. Шаса имаше и нововлезениот Лука, но без реализација. Втор гол на мечот за Матеј Гаштаров кој му носи на својот тим водство од 3:0. До крајот на првиот дел во листата на стрелци се запишува и Лука Јакимовски за зголемување на 4:0. Ова беше резултат по првите 25 минути.
Во второто полувреме исто така тргнавме офанизвно и по нецели пет минути го зголемуваме резултатот на 5:0. Прв гол на натпреварот постигна и Филип Радески. Почесен гол на мечот успева да постигне и противникот и тоа со удар од белата точка, откако еден наш играч играше со рака во казнениот простор. Така намлија на 5:1 Следеа нови прилики за Вардар, каде немавме среќа. Најпрво стативата од голот на Тефејуз ја погоди Стефан Наумовски, за во следната акција пречка да погоди и Горјан Цветков. Промашивме и пенал, откако противникот направи три корни. Следеше казна на спротивната страна и Тефејуз успева да постигне уте еден гол и да намали на 5:2. Имавме можност набрзина да вратиме, откако во шанси се најдоа Гаштаров и Конески, но без реализација. Стефан Наумовски сепак успева да ја затресе противничката мрежа и да зголеми на 6:2. Овој резултат беше и конечен на крајот.
Вардаровата генерација “2005“ останува со максимален број на освоени бодови во деската лига, што е големо достигнување за избраниците на Игор Кралевски оваа сезона.