Двете Вардарови екипи генерација родени “2005“ година денес одиграа меѓусебен решавачки натпревар за пласман на завршниот турнир на државно ниво во детската лига. Претходно истиве екипи успеаа да забележат победи во дуелите со своите противници.
Најпрво на теренот излезе екипата на Вардар (2) која беше подобра во дуелот со Скупи. Конечниот резултат на овој меч гласеше 6:1. Не беше потребно време за Вардарци да го отворат резултатот на овој натпревар, сигурен реализтар уште во втората минута беше Стефан Наумовски, за водство од 1:0. Скупи се закани од слободен удар, но топката оди преку нашиот гол. Наумовски дефинтивно беше најактивен играч во првата половина на мечот за тимот на Вардар. Уште еднаш се наоѓа во шанса да го загрози противничкиот гол, топката завршува во рацете на голманот. Но во следната акција Стефан не греши и на асистенција на Цветоков погодува за 2:0. Продолжија шансите на Вардар, на ред дојде и Крстиќ кој шутира покрај гол. До крајот на првиот дел успеваме да зголемиме на 3:0, преку пенал дело на Бојан Јаневски.
Првата прилика во второто полувреме ја имаше противничката екипа, при една акција од десната страна се направи простор за еден од нивните играчи, кој бие блиску покрај голот на Вардар. Шанса имаше и за Бојан Јаневски. Успеваме да постигнеме нов гол, прв на овој меч од слободен удар за Дамјан Конески за предност од 4:1. Скупи успева да постигне почесен гол, за намалување на резултатот на 4:1. Нов погодок за Вардар, петти на овој дуел за 5:1, дело на Филип Радески, кој шутира во долниот лев агол. Последниот гол за 6:1 беше дело на Петар Пројкоски за конечни 6:1. Одличен на овој меч беше и нашиот голман Марко Бреслиев.
Веднаш после нив натпревар одиграа Вардар (1) против екипата на Албарса. Црвено-црните повеќе од заслужено забележаа убедлив триумф со резултат 7:1. Рано го отворивме натпреварот со гол, преку Давор Лефковски за предност од 1:0 Наредните две шанси беа за Филип Јовановски кој упатува удар покрај голот на противникот. Набргу за 2:0 погодува Дарко Сековски, кој се ослободува од противничките игрчи и бие прецизно. Нова прилика за Сековски, на асистенција од Јовановски, голманот на Албарса спречува нов погодок. Прв удар и за противникот, но нашиот голман Леон не дозволува да примиме гол. Капитенот Јовановски успеава да се запише во листата на стрелци за високи 3:0. Шанса со глава имаше и Никола Величковски. Продолжија головите за Вардар, следен кој погоди беше Зоран Фидановски со удар од белата точка за 4:1. Веќе во следниот напад, Албарса постигнува почесен гол за намалување на 4:1, резултат со кој се замина на полувреме.
Во вториот дел уште три погодоци за екипата на Вардар. Дарко Сековски одигра одличен натпревар, постигнувајќи нов гол за водство од 5:1. Продолживме со офанзивната игра, која ни донесе уште поубедлив триумф и два погодоци до крајот. Јовановски доби употреблива топка од своите соиграчи за нов гол за 6:1, додека точка на овој натпревар стави Матеј Николовски за конечен резултат од 7:1.
Жрепката сакаше во решавачкиот дуел за пласман на завршниот турнир да се сретнат двете екипи на Вардар. Поуспешен во овој “братски“ дуел, беше екипата на Вардар (1), која победи со резултат 5:2. Во првите пет минути, подобри на теренот беа Вардар (2), кои ги направија и првите шанси за гол. Од слободен удар силн о шутираше Дамјан Конески, сепак голманот Леон Илиевски со одлична интервенција спасува погодок. Стефан Наумовски ја имаше втората шанса за Вардар(2), но повторно голманот на Вардар (1) е на вистинското место. Давор Лефковски е првиот од Вардар (1) кој успева да створи шанса, неговиот удар го брани Марко Бреслиев. Го проследуваме првиот гол ан овој меч, за Филип Јовановски, кој сам повлече од средината на теренот и прецизно стрелаше за 1:0, за водство на Вардар (1). Уште една прилика имаше Вардар (1), но Марко Бреслиев повторно брани. Горјан Цветков од Вардар (2) имаше можност да израмни, откако ја погоди пречката. До крајот на првото полувреме паднаа уште два погодоци. Најпрво Ѓорѓи Дошев од пенал зголеми на 2:0, додека Никола Величковски носи предност за Вардар (1) од 3:0 на полувреме.
Горјан Цветков ја имаше првата шанса во второто полувреме, но резултатот остана непроменет. Никола Величковски набргу зголемува на 4:0. Вардар (2) успева да погоди со два последователни гола на Горјан Цветков за намалување на 4:2. Давор Лефковски го заокружува овој натпревар со нов погодок за конечен резултат од 5:2.
Целата генерација на Вардар е победник на овој натпревар, сите се заслужни за пласманот на завршниот турнир во детската лига. Сите заедно ќе се обидат наредниот викенд да го освојат првото место во својата генерација на државно ниво.