Генерацијата 2011 на ФК Вардар беше дел од младинскиот турнир „Форца Куп 2022“ во Штип на кој покрај Вардар учество земаа и екипите на Форца Штип и Беласица.
Секој играше со секого, на крајот Вардар го освои второто место, зад екипата на Беласица која заврши како првопласирана. Избраниците на Зоки Тасевски славеа на натпреварот со Форца Штип (3:1), додека беа минимално поразени (0:1) од екипата на Беласица.
За најдобар играч на турнирот беше прогласен Матеј Трпевски од редовите на Вардар.