Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Фк Вардар “генерација 99“ го освои деветото место на “Скопје куп“
Фк Вардар “генерација 99“ го освои деветото место на “Скопје куп“

Фк Вардар “генерација 99“ го освои деветото место на “Скопје куп“

Кадетите на Фк Вардар го завршија настапот на турнирот “Скопје Куп 2015“ на деветото место. Во конкуренција на многу силни екипи од целиот Балкан, црвено-црните забележаа три победи, два порази и еден нерешен дуел. Во групната фаза, избраниците на Влатко Колев ги забележаа следниве резултати:

1 коло: Вардар-Крпан Бабиќ 0:4 (0:1)

2коло: Вардар-Дит Софија 1:3  (0:2) стрелец: Марко Ѓоргиевски

3 коло: Вардар-Сесвете 0:0

Тука не завршија настапите за нашите надежи, кои продолжија да се натпреваруваат во т.н. плеј-оф, каде одиграа три нови натпревари. На сите мечеви забележаа победи.

Вардар-Пелистер 1:0  (0:0)  стрелец: Андреј Милевски

Вардар-Славија Софија  1:0 (0:0) стрелец: Дамјан Менкиноски

Вардар-Шкендија 1:0 стрелец: Дејан Маркоски

Натпреварите од “Скопје куп“ се играа на терените на ФФМ и Ѓорче. Во финалето на оваа генрација ќе играа Партизан и Дит Софија.