Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Вардаровата генерација “2002“ со победа против Куманово ја заврши сезоната во регионалната-скопска лига
Вардаровата генерација “2002“ со победа против Куманово ја заврши сезоната во регионалната-скопска лига

Вардаровата генерација “2002“ со победа против Куманово ја заврши сезоната во регионалната-скопска лига

Денес на теренот на академијата се одигра последното коло во регионалната-скопска лига, кај генерацијата родени “2002“ година. Екипата на Вардар за противник ја имаше екипата на Куманово, која ја совлада со резултат од 3:0.

Вардар: Величковски, Стојковски, Пешовски, Величковиќ, Ѓорѓиевски, Тодоровски, Шабани, Стојанов, Гугуљанов, Омерагиќ, Демири.

По неколку обиди, кои не беа реализирани екипата на Вардар успева да го отвори резултататот и да поведе со 1:0. Стрелец на голот беше Азер Омерагиќ, кој со глава ја погоди мрежата на Куманово, по нафрлена топка од слободен удар на Стојанов. Вардар имаше поголем посед на топка и комплетна иницијатива на теренот. Удар имаше и Петар Гугуљанов, кој го брани голманот на гостинската екипа. Добра шанса за зголемување на резулатот имаше и Демири, кој од добра ситуација не успева да го совлада голманот на Куманово. Во последните десет минути од првиот дел без посериозни шанси, по што резултатат на полувреме остана 1:0 за екипата на Вардар.

vardarfans-2

На стартот на второто полувреме тренерот Ѓорѓиевски направи неколку измени во својот состав. Од игра излегоа: Величковски, Шабани, Величковиќ, Стојанов, Ѓорѓиевски, Стојковски и Тодоровски. На нивно место влегоа: Станковски, Петејчук, Крстевски, Костовски, Игнатов, Речица и Салиу. Црвено-црните имаа добра шанса да го зголемат резултатот, но Леонид Игнатов за среќа на Куманово, биеше во статива од нивниот гол. Следен кој се обиде беше Фисник Салиу, кој шутираше покрај голот на противникот. Нова голема шанса заВардар имаше Муас Демири, кој од непосредна близина успеа само да го погоди голманот на Куманово.

vardarfans-1

Лесно можеше да се случи, Куманово да ги казни нашите неискористени шанси, сепак за наша среќа од гол линија спасува Игнатов, откако голманот Станковски предвреме го напушти нашиот гол. Имавме уште неколку обиди во продолжение од мечот, преку Игнатов, Петејчук и Речица, но истите не беа голема опасност по голот на гостинската екипа. Сепак до крајот на натпреварот успеваме да постигнеме уште два гола и тоа преку Леонид Игнатов. Посебно добар беше голот за водство од 3:0, од некаде 25-тина метри во аголот од гостинскиот гол. Претходно истиов играч зголеми на 2:0. Последната прилика на мечот ја имаше исто Игнатов, но резултатот остана 3:0, што се покажа и како конечен на овој натпревар.

vardarfans-3

Со овој натпревар завршија натпреварите во регионалната-скопска лига за оваа генерација. На 3-ти јуни оваа екипа на ФК Вардар ја очекува финале од купот на Македонија, против екипата на Работнички. Натпреварот ќе се одигра на стадинот “Борис Трајковски“ во населбата Маџари.