Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > ДОМИНАЦИЈА НА МЛАДИТЕ ВАРДАРЦИ ОД ГЕНЕР. “2008“, НОВ ОСВОЕН ТРОФЕЈ ВО ДЕТСКАТА ЛИГА
ДОМИНАЦИЈА НА МЛАДИТЕ ВАРДАРЦИ ОД ГЕНЕР. “2008“, НОВ ОСВОЕН ТРОФЕЈ ВО ДЕТСКАТА ЛИГА

ДОМИНАЦИЈА НА МЛАДИТЕ ВАРДАРЦИ ОД ГЕНЕР. “2008“, НОВ ОСВОЕН ТРОФЕЈ ВО ДЕТСКАТА ЛИГА

Вардаровата генерација родени “2008“ година успеа трета сезона по ред да го освои трофејот во детската лига и да докажат дека се доминантни во Македонија, кај оваа возрасна категорија. Утрово на терените на ФФМ, младите надежи кои се предводени од Павел Неделковски успеаа во големото финале да ја совладаат екипата на Академија Пандев и тоа убедливо со резултат 5:1.

a

Можеби очекувавме понеизвесно финале и посилен отпор на пандевци, но тоа не се случи. Не само што високо триумфиравме, туку и го надиграме противникот, конечната победа можеше да биде изразена со многу поголема разлика. Уште во втората минута од мечот ја затресовме мрежата на струмичани, кога успешно стрелаше Стефан Бранковски, за отварање на резултатот и водство од 1:0. Се обиде противникот да врати, но ударот заврши покрај нашиот гол. Имаа иницијатива избраниците на Неделковски, а истата беше претворена во нов втор гол, откако од 20 метри биеше капитенот Ненад Дамјаноски, кој ја погоди мрежата за предност од 2:0. После погодокот, во прилика се најде и Азизи, додека истиов играч во неговата втора шанса успеа да погоди и веќе да го зголеми резултатот на 3:0, откако претходно асистираше Дамјаноски. Следеа неколку минути кога А.Пандев на два пати се закани по нашиот гол, но денес одличнот Лука Грчевски не дозволи намалување на резултатот. До крајот на првиот дел ќе ја одбележиме шансата на Коста Бошковски, кој биеше само покрај голот.

a2

Сите дилеми околу конечниот победник, ако и постоеа на овој натпревар ги решивме на самиот старт на вториот дел, кога со својот втор гол, Арти Азизи го зголеми резултатот на 4:0. Имавме иницијатива и во овој дел од мечот и целосна контрола на резултатот. Откако Грчевски неправилно фати повратна топка, беше досуден индиректен удар за А.Пандев, кои успеаа да го реализираат и да го намалт резултатот на 4:1. Мирна игра на Вардарци, имавме висок резултат кој требаше само да го задржиме, но и посакувавме да го зголемиме. После две шанси на Ненад Дамјаноски, третата ја реализираме преку него и тоа со казнен удар од белата точка. Дамјаноски бие во левиот голмански агол и погоди за предност од 5:1. До крајот на ова финале за одбележување е еден силен одбранет удар на Грчевски, како и обидот на Дамјаноски од 15 метри, но одбрани голманот на А.Пандев. Конечниот реззултат на крајот е 5:1.

a3

1 3

На завршната церемонија, вардарци го добија трофејот за освоеното прво место, како и златните медали. Наградата за најдобар голман на завршниот турнир заслужено заврши во рацете на Лука Грчевски.

4 2 1