Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > (ФОТО) Гости на Академијата на ФК Вардар беа децата од “Германскиот јазичен центар“
(ФОТО) Гости на Академијата на ФК Вардар беа децата од “Германскиот јазичен центар“

(ФОТО) Гости на Академијата на ФК Вардар беа децата од “Германскиот јазичен центар“

Во текот на денешниот ден дечињата од “Германскиот јазичен центар“  беа во посета на Фудбалската академија на ФК Вардар во градскиот парк . Тие  во рамките на нивните рекреативни активности како место кое ќе го посетат ја одбраа црвено-црната академија. Дечињата од страна на  тренери на нашите младински школи беа запознаени   со основните  правилата на фудбалската игра, исто така  одговараа на нивните  прашања, а воедно  и ги поканија да се зачленат во младинската школа на ФК Вардар.

z2

Гостите од “Германскиот јазичен центар“ се заблагодарија со песна посветена на фудбалот која ја испеаа  на германски јазик. Исто така тие имаа и можност да проследат дел од тренинзите на вардаровите млади фудбалски категории, но  имаа прилика и  да играат фудбал.

z3 z9