Thursday ,25 July 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Пионери: Вардар – Партизан директно на Спорт Клуб
Пионери: Вардар – Партизан директно на Спорт Клуб

Пионери: Вардар – Партизан директно на Спорт Клуб

Пионерите на ФК Вардар денеска ќе го имаат својот прв настап на турнирот на “пријателство“ во Бијелина (БиХ). Пионерите на ФК Вардар ќе имаат огромна чест, трета година по ред да играат против големи клубови од Балканот. Овој силен меѓународен турнир трета година по ред ќе се емитува на Спорт Клуб.

Нашите момци денеска со почеток во 15 часот и 30 минути ќе го одиграат првиот натпревар, и тоа против ФК Партизан. Овој натпревар ќе се емитува директно на Спорт Клуб 1. Ова е голема можност да се увериме во квалитетите на нашите пионери, кои оваа година ја освоија дуплата круна во пионеркста лига на Македонија. Покрај Партизан, во нашата група се и Осијек и Сараево. Исто така и од овие два меча ќе има директен преност на Спорт Клуб.