Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Глигоров: Имаме желба за добар резултат и се надевам дека тоа ќе го оствариме утре на теренот
Глигоров: Имаме желба за добар резултат и се надевам дека тоа ќе го оствариме утре на теренот

Глигоров: Имаме желба за добар резултат и се надевам дека тоа ќе го оствариме утре на теренот

Вардар веќе се наоѓа во Норвешка, каде се подготвува за утрешниот натпревар против екипата на Розенборг. Во овие моменти, екипата треба да го одбработи првиот тренинг на арената, на која ќе се одигра мечот со шампионот на Норвешка. Заменик капитенот на црвено-црните, Никола Глигоров на прес-конференцијата ги искажа своите очекувања за овој натпревар.

-Знаеме против каков противник играме. Розенборг добро е анализран од наша страна. Во своите редови добри играчи, поединци, пред се тука најпознат е Бендтнер кој што има огромно искуство со репрезентацијата и со настапите во силните првенства во Европа. Тоа што успеаја да го елиминираат Ајакс во Лигата на Европа, доволно кажува за нашиот противник.

Глигоров ветува беспоштедна борба на теренот и секако поволен резултат на крајот од мечот.

- Меѓутоа ние сме подготвени да дадеме максимум на теренот, да се преставиме во добро светло, и се надевам дека гледачите кои ќе дојдат утре на стадионот на Розенборг, ќе имаат можност да гледаат еден добар натпревар на два тима кои што ќе сакаат да освојуваат бодови во групата. Ние имаме желба за добар резултат и се надевам дека ќе го оствариме утре на теренот тука во Трондхајм“