Најголемиот успех во Вардаровата историја се случи токму денеска. На денешен ден пред 14 години Вардар после победата во Москва над ЦСКА од 1:2, во Скопје одигра 1:1 и се пласираше во третото квалификациско коло од Лигата на шампионите.
Први во водство дојдоа гостите со гол во 30 минута преку Гогниев. Златниот гол за Вардар и израмнувачки на оваа средба го постигна Вандаир во вториот дел кој со глава биеше прецизно во голот на ЦСКА.
Видео од натпреварот одигран во Скопје: