Навистина успешна сезона е зад младинската школа на фудбалскиот клуб Вардар. Повторно како некогаш, силно светна ѕвездата на оваа најважна школа во македонскиот клубски фудбал. Годинава е голем доказ, голем број трофеи завршија во рацете на црвено-црните надежи. Освен трофеите, во Вардаровата школа надзираат и голем број на таленти, кои би можеле со сигруност да кажеме, дека во иднина може да бидат новите Панчев, Најдоски, Дончевски и тн.
Во школата сите нејзини чинители дадоа се од себе, од директор на младинските категории г-н Горан Митев , кординаторите Сашо Милошовски и Павел Неделковски, како и тие кој директно им пренесуваа знаење на младите момци, тренерите. Денес сите црвено-црни надежи на Академијата на фудбалскиот клуб Вардар ги покажаа на јавноста трофите кој ги “ожнеаа“ сезонава. Како што повеќе од деценија наназад не се памети освоивме титули во следните категории:
- Младинци- Шампиони на Македонија
- Пионери- “Двојна круна“ ( Куп и првенство)
- Генерација 2004 Шампион на Македонија
- Генерација 2007 Шампион на Македонија
Покрај овие титули имавме голем број пехари од турнирите каде настапуваа и каде скоро секогаш се враќавме со некое признание. Покрај шампионските места за напомена се и неколкуте втори и трети позиции што покажаа дека сме близу до врвот.