Sunday ,12 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > ФК Вардар генер. 2006 и 2009 со големи победи над Левски Софија, на пријателски мечеви одиграни во Бугарија
ФК Вардар генер. 2006 и 2009 со големи победи над Левски Софија, на пријателски мечеви одиграни во Бугарија

ФК Вардар генер. 2006 и 2009 со големи победи над Левски Софија, на пријателски мечеви одиграни во Бугарија

Две вардарови генерации во текот на денешниот ден одиграа два пријателски натпревари, против една од најсилните екипи во Бугарија. Тоа се генерациите на Вардар родени 2006 и 2009 година кои слободниот ден на турнирот го искористија силите да ги одмерат со екипата на Левски од Софија.

2006

ФК Вардар генер. 2006 предводена од Филип Спасевски ги победи врсницие од екипата на Левски, со резултат 2:1. Се играше 10+1 на теренот, а Вардар прикажа подобра игра и беше поконкретен, а освен погодоците имавме уште некоја добра прилика за зголемување на резултатот. Стрелци на головите за нашиот тим беа Нуман Ајетовиќ и Марко Николовски.

До победа со истиов противник стигна и генерацијата 2009 на Илија Колевски, која на меч со многу голови ги победи Левски. Се играше 6+1 на теренот. Конечниот резултат на крајот гласеше 4:3 за Вардар. Јаков Стојковски имаше свое гол шоу откако постигна хет-трик, додека еден гол беше за Павел Котески-Митровски. Истиов играч во последните минути од мечот извади острани голема опасност од нашиот гол, откако во последен момент ја извади топката од гол линијата.

Во текот на утрешниот ден продолжуваат натпреварите за нашите генерации на турнирот „Боровец Самоков Куп 2019“. Инаку до крајот на денот пријателски мечеви ќе одиграат и генерацијата 2007 против 8-Септември, а со истиов противник ќе меч ќе одигра и генерацијата 2006.