Пионерите на ФК Вардар стигнаа до втората победа и обезбедија големо финале на турнирот во Сараево. Црвено-црните во рамките на третото коло од групната фаза убедливо ги совладаа врсниците од екипата на Марибор, со резултат од 5:1.
Тренерот Томче Трајановски стартуваше со следниве 11-сетмина: Андов, Петејчук, Ѓурковски, Манасиевски, Асани, Андоновски, Илиевски, Ибиши, Игнатов, Туша, Стојановски.
Во игра влегоа уште и Зендели, Бојковски, Ристовски, Хасановиќ и Речица.
Интересно на овој меч, противничката екипа успеа да се постигне два авто гола. Токму на тој начин го отворивме резултатот за водство од 1:0. До крајот на првиот дел паднаа уште два гола. Најпрво на 2:0 резултатот го зголеми Џемал Ибиши, за да проследиме уште еден авто гол на тимот од Словенија, за веќе убедлива предност од 3:0. Доминација на Вардарци и во вториот дел, имавме голем посед на топка и постојано создававме шанси кон голот на Марибор. Следиме втор гол на Џемал Ибиши, кој го зголеми резултатот на 4:0, за во листата на стрелци да се запише и Малик Хасановиќ, за “петарда“ во мрежата на противникот и предност од 5:0. До крајот на дуелот почесен гол и за екипата на Марибор, за конечен резултат од 5:1.
На тој начин Вардар го освои првото место во својата група и утре ќе игра во големото финале на силниот меѓународен турнир во Сараево. Железничар кој исто така беше во борба за финале, го загуби дуелот од екипата на Војводина (0:2) Противникот на Вардар во финалето ќе биде познат, кога ќе се комплетира третото коло и во другата група.
Ова беше втора победа на турнирот, откако во првото коло бевме подобри од Војводина (1:0), додека ремизиравме против Железничар.