Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Виланд: Ми се чини дека Вардар малку го потценивме и тоа на крај го плативме
Виланд: Ми се чини дека Вардар малку го потценивме и тоа на крај го плативме

Виланд: Ми се чини дека Вардар малку го потценивме и тоа на крај го плативме

Голманот на Малме, Јохан Виланд како и сите останати играчи од тимот на Малме е многу разочаран од елиминацијата уште во второто квалификациско коло. Виланд потенцираше дека неговиот тим направил многу грешки и заслужено не оди понатаму.

“Oдигравме многу многу лошо и на двата натпревари. Кога ќе се сумира се, Вардар заслужено помина понатаму. Ние перфектно го започнавме мечот. Но, што се случи понатаму незнам да кажам. Место да продолжевме во ист ритам, ние помисливме изгледа дека е се готово. Ние самите сме си виновни за елиминацијата затоа што комплетно потрфрливме. Ми се чини дека Вардар малку го потценивме и тоа на крај го плативме”, – изјави Јохан Виланд.