Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Во сабота, кадетите и младинците на ФК Вардар гостуваат во Штип
Во сабота, кадетите и младинците на ФК Вардар гостуваат во Штип

Во сабота, кадетите и младинците на ФК Вардар гостуваат во Штип

Во сабота редовното 7.коло во првенството на младинските фудбалски категории ќе го одиграат кадетите и младинците на Вардар. Тие ќе гостуваат во Штип, на екипата на Брегалница.

Кадетите на Вардар немаат забележано победа на последните три натпревари и по пет одиграни натпревари имаат само шест освоени бодови. Нови проблеми за тренерот Таневски ќе бидат не играњето на Ѓурковски и Андоновски, кои се наоѓаат со селекцијата до 17 години, која ќе настапи на квалификациски турнир. Слабо рангирана е и екипата на Брегалница, која на 6 одиграни натпревари собра само 5 бодови. Натпреварот во сабота на кадетските екипи стартува од 13:30 часот.

Доколку сакаат да останат во борба за титулата со екипата на Шкендија, потребна е победа на гостувањето во Штип за вардаровите младинци. Со оглед дека не го одигравме минатото 6.коло против екипата на Шкупи, имаме шест бодови помалку од лидерот Шкендија и натпревар помалку за одигрување. Избраниците на Андовски имаат четири победи и еден пораз, додека Брегалница е на средината на табелата со 9 освоени бодови. Мечот во сабота во Штип ќе започне од 15:30 часот.