Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Грнчаров: Играме на нашиот стадион пред нашата публика, посакувам да ја продолжиме серијата на победи на домашен терен

Грнчаров: Играме на нашиот стадион пред нашата публика, посакувам да ја продолжиме серијата на победи на домашен терен

Нашиот фудбалски шампион вечерва одржи прес-конференција во пресрет на натпреварот против екипата на Зенит, во рамките на првото коло од групната фаза во Лигата на Европа. Вардарци направија историски успех со пласман во грипната фаза во второто по квалитет европско натпреварување, но сега како се ближи првиот меч во групната фаза, така амбициите се повеќе се зголемуваат кај нашиот шампион. Пред медиумите се обрати капитенот, Бобан Грчнаров кој истакна дека играме на домашен терен пред нашата публика и дека нема што да загубиме на овој меч против Зенит.

Верувам дека утре ќе играме офанзивно, на гол повеќе од противникот. Играме на нашиот стадион пред нашата публика. Се надевам дека навивачите ќе дојдат во голем број да нè поддржат. Играме одлично дома во Европа, од три натпревари имаме три победи, и посакуваме утре да ја продолжиме таа серија и да ги освоиме првите бодови во групната фаза од Лигата на Европа. Немаме што да загубиме, туку можеме само да добиеме во ова натпреварување. Кога почнавме да играме во Европа, нашата цел беше да влеземе во групната фаза од Лигата на шампионите. Но не успеавме со поразот во Копенхаген. Меѓутоа ниту групната фаза од Лигата на Европа не е за потценување. За нас е големо достигнување, среќни сме што сме тука, и сега ќе дадеме се од себе за добар резултат, истакна капитенот Грнчаров.