Тренерот на Вардар, Чедомир Јаневски најголеми главоболки пред дуелот во Норвешка има со одбраната. Поради повреди од составот за овој дуел отпаднаа Новак, Велковски и Брдаровски, на нив им се придружува и Попов кој не е пријавен за настап во Лигата на Европа.
Па така, по повредите на Новак и Велковски, јасно е дека на денешниот дуел стоперскиот тандем ќе го сочинуваат капитенот Грнчаров и младиот Висар Муслиу. Овие двајца многу малку играле заедно сезонава како тандем, па тоа би можело да биде загриужувачки.
Веројотен состав за вечерва: Гачевски, Демири, Муслиу, Грнчаров, Хамбарџумјан, Николов, Фелипе, Глигоров, Блажевски, Џигаури и Барсегјан.