Tuesday ,19 November 2019
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Хамбарџумјан интересен за Порто!?
Хамбарџумјан интересен за Порто!?

Хамбарџумјан интересен за Порто!?

Португалскиот спортски весник „O Jogo“  пишува за нашиот играч Хофханес Хамбарџумјан. За нашиот играч имаше и пред еден месец интерес од неколку англиски и руски тимови. По настапите на Хамбарџумјан против Динамо во Загреб и Скопје во игра се вклучил и португалскиот гигант, тимот на Порто.

Од друга страна, Хамбарџумјан има договор со ФК Вардар, па доколку реши тимот да го продаде, тогаш ФК Вардар ќе заработи добра сума на пари. Покрај за Хамбарџумјан, интерес има и за неколку други наши играчи од други тимови. Останува да видиме што ќе се случи.