Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Марио Илиевски: Мечот против Работнички, беше еден од најдобрите за мене и мојата екипа оваа сезона

Марио Илиевски: Мечот против Работнички, беше еден од најдобрите за мене и мојата екипа оваа сезона

Дербито во генерацијата на помлади пионери убедливо му припадна на Вардар кој го доби натпреварот со Работнички. Иако противникот е во борба за титулата, тоа не претставуваше проблем за нашите млади надежи, кои целосно го надиграа гостинскиот тим и на крајот сосема заслужено стигнаа до победата. Свој ден имаше напаѓачот Марио Илиевски кој постигна дури три гола, додека еден беше дело на Марио Спировски. Конечниот резултат на крајот гласеше 4:1. Како помина натпреварот може да прочитате од изјавата на Марио Илиевски, за кој сигурно ова беше еден од неговите најдобри одиграни натпревари оваа сезона.

-Дуелот против Работнички беше  еден од нашите најдобри одиграни натпревари оваа сезона. Влеговме премногу мотивирани и покажавме како се игра фудбал. Мораме да бидеме презадоволни од играта и секако од резултатот. Гостинскиот тим беше подобар на почетокот на мечот, но потоа ние се освестивме и дадовме гол, со кој ни се подигна уште толку мотивот за победа. Тие се лидери, но ние и покрај тоа им покажавме како се игра фудбал и тоа кој се најдобри. Пред почетокот на натпреварот верувавме позитивно, дека можеме да одиграме добро и пред се  и да им вратиме за поразот од есенскиот дел на сезоната. Со оглед дека постигнав три гола ова за мене беше најдобриот меч оваа сезона, бев убеден и знаев дека ќе ја добиеме оваа утакмица со “дебакл“ за Работнички.

Звоноко Ивановски