Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Исени, Бериша, Антовски не патуваат во Аланија
Исени, Бериша, Антовски не патуваат во Аланија

Исени, Бериша, Антовски не патуваат во Аланија

Вардар утре рано изутрина заминува на пат за Аланија, Турција, каде ќе ги има главните подготовки за стартот на пролетниот дел од шампионатот.

Позитивна вест е што Кларенс Битанг се приклучува на екипата во Турција, откако го немаше на прозивката во Скопје и не тренираше со екипата изминативе денови. Од друга страна, на списокот на играчи кои патуваат за Турција ги нема Исени, потоа Бериша и Антовски.

Вардар веќе во сабота го игра првиот пријателски дуел во Аланија, против Иртиш Павлодар.