УЕФА го одреди судијата кој ќе ја дели правдата на мечот во четврток помеѓу екипите на Вардар и Фенербахче. Главен судија во Скопје ќе биде искусниот судија од Италија, Лука Банти.
Банти важи за еден квалитетен и искусен судија кој во својата судиска кариера има голем број на настапи во Серија А.