ТОДЕ ГЕОРГИЕВСКИ – Роден во далечната 1935 година, беше човекот меѓу стативите на финалниот натпревар од југословенскиот куп во сезоната 1960/1961 кога со победата од 2:1 над Вартекс од Вараждин, Вардар го освои маршаловиот трофеј.Во дресот на најуспешниот македонски фудбалски колектив, легендарниот голман настапува во периодот од 1950 до 1964 година при што има одиграно вкупно 239 (130 првенствени) натпревари на кои што ја чувал вардаровата мрежа.
По кратко боледување прославениот Георгиевски почина на 80 годишна возраст во Скопје на 11 Септември 2015 година. Меѓутоа повозрасните љубители на фудбалот и натаму со драго срце се присетуваат на деновите кога безстрашниот Тоде неприкосновено господареше во шеснаесетникот на скопските „црвено-црни“.