Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > Историја > Историја: Вишњевац во два наврати во периодот од 1983 до 1986 година го водеше стручниот штаб на Вардар

Историја: Вишњевац во два наврати во периодот од 1983 до 1986 година го водеше стручниот штаб на Вардар

istorija-visnevac-vardarfansВУКАШИН ВИШЊЕВАЦ – Истакнaтиот југословенски стратег во два наврати во периодот од 1983 до 1986 година го водеше стручниот штаб на Вардар.

Под негово водство во дресот со „црвено-црните“ бои во првата лига на Југославија дебитираа играчите кои подоцна ќе ја освојат и шампионската титула во југословенското првенство како Панчев, Сетинов, Јаневски и другите.

Вишњевац е роден на 15 јуни во далечната 1939 година во Гацко (денешна Република Српска, како составен дел од Федерацијата Босна и Херцеговина).

За последен пат го водеше кормилото на Вардар во сезоната 1985/1986 кога тимот под негова команда го освојува солидното осмо место на првенствената табела меѓу фудбалската елита во поранешната држава.