Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Магнус Пехрсон: Вардар да игра во Шведска ќе биде во најдобрите пет екипи
Магнус Пехрсон: Вардар да игра во Шведска ќе биде во најдобрите пет екипи

Магнус Пехрсон: Вардар да игра во Шведска ќе биде во најдобрите пет екипи

Менаџерот на нашиот ривал во ЛШ екипата на Малме, Магнус Персон даде занимлива изјава пред утрешната средба со црвено-црните. Тој за првиот натпревар од овој европски двомеч го изјави следното:

Ќе има еден вид засилена тензија пред овие европски натпревари затоа што и Вардар сигурно сака пласман во следното квалификациско коло. Не знам дали ќе играме исто како и во првенството, затоа што ова се различни натпревари. Но, секако ќе бидеме силно мотивирани за триумф.Вардар е најдобриот клуб од Македонија кој има навистина одлични поединци. Ако треба да кажам за квалитетот на тој тим, еве би рекол дека ако игра во шампионатот на Шведска тогаш сигурно би бил во најдобрите пет екипи. Тоа се кажува. Значи ќе биде навистина тешко да се победи една таква екипа