Шампионот на Македонија, тимот на Вардар, во сабота го очекува дерби пресметка против директниот конкурен за титулата и оваа сезона, тимот на Шкендија.
Пред овој натпревар тренерот на Вардар, Јаневски може да биде задоволен бидејќи тројца негови играчи се ставаат на располагање по подолго време.
Покрај напаѓачот Максимов кој ќе може да настапи против Шкендија, добра вест е што за фудбал се спремни и дефанзивецот Евгениј Новак и напаѓачот од Бразил, Итало. Позитивна вест е и дека Николов ќе биде спремен за настап, нашиот играч од средината на теренот поради повреда ги пропушти двата дуели на репрезентацијата на Македонија.
Од друга страна, поради повреди, на овој меч сигурно нема да настапат Владица Брдаровски, кој се повреди уште на натпреварот против Зенит и Дарко Велковски кој се повреди на натпреварот во Торино против Италија.