Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Јаневски: Ќе истрчаме на терен со мотив за бод или три, затоа што овој тим на Вардар со добри тимови покажа дека знае да игра
Јаневски: Ќе истрчаме на терен со мотив за бод или три, затоа што овој тим на Вардар со добри тимови покажа дека знае да игра

Јаневски: Ќе истрчаме на терен со мотив за бод или три, затоа што овој тим на Вардар со добри тимови покажа дека знае да игра

Утре со почеток од 19 часот, нашиот фудбалски шампион гостува во Русија, на екипата на Зенит. Вардар веќе се наоѓа во Русија, каде ги одработува последните подготовки во пресрет на овој натпревар. Клубот одржа прес-конференција, на која се обрати шефот на стручниот штаб на Вардар, Чеде Јаневски кој го изјави следново:

-Нема што да зборуваме многу, знаеме со каков противник играме. Не е Зенит само обичен тим, туку е еден од најдобрите во нашата група, и не само во нашата група, туку и од сите кои се натпреваруваат во Европската лига. Зенит не губи на домашен терен, но ние доаѓаме подготвени за овој меч, знаеме дека имаме добар тим и ќе истрчаме на терен со мотив за бод или три, затоа што овој тим на Вардар со добри тимови покажа дека знае да игра. Сите фудбалери со голема желба ќе истрчаат на теренот, и ќе докажат дека и последниот меч со Зенит не беше мерило за нашиот квалитет. За добар резултат ќе ни треба добра организација во играта и во одбраната и во нападот, ќе ни треба тимска и хомогена игра. Дојдовме тука да не се затвориме и да играме што се вели на „нула“, туку ќе настојуваме да дадеме гол. Ако сакаме добар резултат ќе треба да направиме се да го сочуваме својот гол исто така како и да дадеме гол. Да се покажеме во подобро светло, и да направиме напредок и во игра и во резултат.

На преконференцијата му беа постани уште неколку прашања, од кои едното беше во врска со промените во составот од првиот натпревар одигран во Скопје.

-Јас сум задоволен од сите играчи кои ги имам на располагање, но нашето искуство за вакви натпревари е ново. Прв пат во историјата еден македонски клуб игра на вакво натпреварување. Затоа на одредени натпревари бевме принудени да ротираме затоа што не бевме подготвени за вакви натпреварувања. И утре ќе составиме еден тим кој што ќе биде освежен и подготвен да даде се од себе за добар резултат.

Вардар има четири порази од исто толку одиграни мечеви, на кои Јаневски искрено не очекувал дека нема да освоиме ниту еден бод.

Да бидам искрен не очекував четири порази од четири натпревари, но зошто е тоа така има неколку фактори. Прво играчите имаа малку одмор пред да почнат да се подготвуваат за европските натпревари. Второ тимот одигра шест исцрпувачки мечеви во Европа пред да се пласира во групната фаза. Трето нашата група е тешка, патувањата се долги, а сите наши противници имаат искуство во вакви натпревари, кое ние го немаме.

Руските медиуми поставија прашање и дали сопственикот на Вардар доаѓа од Русија и какви се неговите целисо клубот.

Да добро сте информирани, нашиот сопственик Сергеј Самсоненко е од Русија. Тој прави многу не само за фудбалот, туку воопшто за спортот во Македонија. Ги има и ракоментите клубови кои се во моментов едни од најдобрите во Европа, и е заслужен за подемот на фудбалскиот клуб и за овој успех. Се работи за одличен човек, и имаме многу помош од негова страна. Има доста вложено во инфраструктура. Ракометните тимови имаат своја сала, фудбалскиот доби свој тренинг камп, што е предуслов овие екипи само да напредуваат.