Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Јаневски: Ова е значаен натпревар, не само за Вардар, туку и за македонскиот фудбал
Јаневски: Ова е значаен натпревар, не само за Вардар, туку и за македонскиот фудбал

Јаневски: Ова е значаен натпревар, не само за Вардар, туку и за македонскиот фудбал

Утре со почеток од 21:05 на арената “Филип Втори, Вардар го игра првиот натпревар од групната фаза во Лигата на Европа, против екипата на Зенит. Вечерва нашиот клуб одржа прес-конференција, на која пред медиумите се обрати шефот на стручниот штаб, Чеде Јаневски кој го изјави следново:

-Ова е значаен натпревар, не само за Вардар, туку и за македонскиот фудбал. Затоа ние овие денови се подготвуваме да направиме добар резултат. На првиот натпревар играме со Зенит, тим за кој што после добивањето на групите, знаеме дека е фаворит. Се работи за добар колектив со добри индивидуални играчи кои имаат во своите редови многу домашни и интернационални играчи, пред се од Аргентина. Ги направивме сите анализи на последните два натпревари. Ние во една работна и одлична атмосфера се подготвуваме да се претставиме во добро светло пред многубројната публика и пред нашите навивачи „Комити“ кои што ќе дојдат во голем број. Да одигаме еден добар, квалитетен натпревар и по крајот на средбата сите задоволни да го напуштиме стадионот.

Вардар во пресрет на утрешниот натпревар ќе неможе да смета на услугите на Евгениј Новак, кој не е доволно опоравен од повредата.

-До вчера ги имавме сите фудбалери на располагање. Вчера имавме мал хендикеп што се вели. Евгениј Новак не беше доволно залечен, затоа ги пропушти последните два натпревари, и заедно со медицинскиот тим одлучивме дека нема да настапи на натпреварот. Останатите сите кои се пријавени ќе бидат на списокот.

Јаневски дели дека не треба да не итересира неефикасноста на Зенит на последните два меча во домашното првенство, туку да ја гледаме нашата игра.

-Зенит е добар тим, со многу индивидуални играчи. Вистина е дека на последните два меча не постигнаа гол, но тоа нас нема да не залаже. Сепак, нивните поединци можат да се разбудат што се вели на секој натпревар. Мораме да бидеме претпазливи од првата до 90-та минута. Нема да не залажат нивните два нерешени натпревари без голови, туку ние да ја играме нашата игра, и се надевам дека ќе ни донесе успешен резултат