Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Јаневски: Оваа среќа не може да се купи со пари, најголемите честитки одат кон моите играчи
Јаневски: Оваа среќа не може да се купи со пари, најголемите честитки одат кон моите играчи

Јаневски: Оваа среќа не може да се купи со пари, најголемите честитки одат кон моите играчи

Вардар не само што успеа да не биде поразен, туку уште еднаш за само седум дена го совлада големиот гигант од Турција. Иако противникот имаше водство, црвено-црните успеаа да направат комплетен резултатски пресврт и со головите на Џигаури и Глигоров да слават со конечен резултат од 1:2. Ова е најголем успех во историјата не само на Вардар, туки и воопшто на фудбалот во Македонија. Голема заслуга за овој успех има и новиот тренер, Чеде Јаневск, кој за само седум дена успеа да го внесе Врдар во групната фаза од лигата на Европа. Популарниот “Четка„ на прес-конференцијата после завршување на дуелот го изјави следново:

Пред се, сакам да се заблагодарам на Фенербахче за добриот пречек во Истанбул. Најголемите честитки одат кон моите играчи, затоа што со оваа победа, односно двете победи испишаа историја за македонскиот фудбал. За првпат еден македонски клуб ќе игра во Европа. Победивме на двапати еден голем клуб. Поминавме не на среќа, туку со голема желба и исполнување на тактичките обврски. Ова е доказ дека само со професионална работа може да се исполнат резултати. За нашиот успех исто така е задолжен и нашиот сопственик Самсоненко, кој вложува во овој клуб. Вардар е голема македонска гордост. Имаме премија за овој успех од клубот, но верувајте, оваа среќа не може да се купи со пари.