Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Кристијан Јордановски: Моравме да го добиме овој натпревар, ако сакаме да ја продолжиме борбата за титулата
Кристијан Јордановски: Моравме да го добиме овој натпревар, ако сакаме да ја продолжиме борбата за титулата

Кристијан Јордановски: Моравме да го добиме овој натпревар, ако сакаме да ја продолжиме борбата за титулата

Изминатиов викенд се одигра второто пролетно коло во првенството на младинските фудбалски категории. Кадетите на ФК Вардар стигнаа до првиот пролетен триумф и тоа во дербито против екипата на Пелистер. Јордановски, Дишлиевски и Абдулхади погодија за три бода на Вардарци на овој меч. И по одигрување на ова коло, избраниците на Влатко Колев заостануваат само еден бод зад екипата на Работнички. Впечатоци од натпреварот може да прочитате од изјавата на централниот дефанзивец на Вардар, Кристијан Јордановски.

-Впечатоците за овој натпревар се секако позитивни. После нерешениот резултат против Академија Пандев бевме свесни дека мораме да го добиеме овој натпревар, ако сакаме да ја продолжиме борбата за титулата. Затоа влеговме максимално сконцентрирани и уште од првата минута тргнавме офанзивно кон голот на Пелистер. Добро ги извршвиме дефанзивните и офанзивни задачи и мислам дека заслужено победивме. Овој дуел ни овозможи да ги добиеме трите бода, јас сум задоволен од нашата игра, но секогаш можеме подобро. На секој нареден натпревар ќе даваме максиум како да е последен и со сите сили ќе се обидеме да освоиме некој од трофеите.

Звонко Ивановски