Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар е нов лидер, Јуфо погоди за прво место на табелата!
Вардар е нов лидер, Јуфо погоди за прво место на табелата!

Вардар е нов лидер, Јуфо погоди за прво место на табелата!

Вардар е нов лидер во ПМФЛ. Со денешната победа против Силекс од 1:0 (0:0), и со “киксовите” на конкурените, црвено – црните се промовираа во нови лидери на табелата. Во следното коло, веќе во сабота, Вардар гостува кај тимот на Победа. Овој дуел е најавено дека ќе биде одигран во Штип.

Лоши први 45. минути одигра Вардар денеска во Маџари. За одбележување во првиот дел беа само две шанси на црвено – црните. Најпрвин некаде околу 24. минута Филип Најдовски се обиде со удар од над 25-метри кој заврши далеку непрецизно покрај голот на гостинот. Најголемата шанса во првиот дел на мечот ја имаше Вардар и тоа преку Вилијан Лира. Се играше 42. минута, Барсегјан одлично нафрли и го пронајде бразилецот, кој со глава биеше само крај голот на Силекс и пропадна оваа најзрела шанса. Гостинот во првиот дел имаше две до три прилики, но не успеа да го загрози посериозно голот на Гачевски.

Вo 58. минута Лира одново имаше шанса со глава по нафрлена топка сега на Тошевски, но биеше по средина на голот и ова беше лесен плен за голманот на гостите.  Одново имаше шанса Лира, овој пат во 60. минута од дуелот, биеше малку одкосо, а голманот на гостите топката ја отстрани во корнер. По оваа акција, во игра влезе Битанг на местото на Цветаноски кај црвено – црните, што беше прва замена кај нашиот тим. Иницијативата на Вардар продолжи и понатаму во вториот дел, црвено – црните бараа начин да дојдат до гол и водство на натпреварот. Гооол, во 71. минута со одличен удар од над 20-метри, Јуфо го донесе Вардар до водство од 1:0. Во продолжението од дуелот Вардар можеше да дојде и до 2:0 но ударот на Барсегјан од 15-сетина метри го одбрани голманот на Силекс. Во 79. минута кај Вардар влезе и Максимов на местото на стрелецот на голот денеска Јуфо. До крајот на дуелот Вардар умешно го чуваше водството и со овие нови три бода дојдоа не само до победа, туку и до прво место на првенствената табела.